Ajul Luxury Hotel & Spa 5*

Ajul Luxury Hotel and Spa Resort 5*, Овој хотел за љубителите на луксузот ќе ги отвори на 01.Мај.2023 година. Хотелот е лоциран во близина на местото Agia Paraskevi, на полуостровот Касандра и на 100км од Солун. Убава борова шума во комбинација со шљунковита плажа со природни извори на минерална вода по кои овој регион Агија Параскева е препознатлива и ќе направат хотелот Ajul Luxury Hotel and Spa Resort, многу брзо да стане оаза на мир и релаксација. Местото Loutra е оддалечено од хотелот на само 3км. Плажата е на 700м од хотелот. Секојдевен превоз од хотелот до плажата е организиран од страна на хотелот.                     

Содржина на хотелот: Ultra all inclusive хотелскиот комплекс Ajul Luxury Hotel and Spa resort идеално се вклопил во хармоничната околина од борови и кристално чистото Егејско море. Хотелот располага со 171 сместувачки единици распоредени во главната зграда, бунгаловите и вилите. Во рамките на хотелот се наоѓаат три ресторани (Ultra all inclusive ресторан, A la cart ресторан покрај базенот и Италијански ресторан) и три бара за тотална гастрономска атмосфера, дури и за оние со рафиниран вкус. За потполна Спа атмосфера хотлот поседува Spa и Fitness Centar во кои гостите може да се опуштат и користат минерална вода од природните извори на бањате Loutra и Agia Paraskevi. Во рамките Ajul Luxury Hotel and Spa Resorta се наоѓаат и два тениски терени(со тврда подлога), терен за одбојка на плажа,  уреден простор за јога, пилатес и фитнес, амфитеатар со анимација за возрасни и деца. Во рамките на хотелот има 5 надворешни базени, еден внатрешен детски базен и еден внатрешен базен за возрасни. Конгресен центар погоден за секакви видови на состаноци и деловни собири. Кино на отворено, игралиште за деца, продавници за гардероба и сувенири, салон за убавина и фризер,кои се исто така на услуга на гостите на хотелот. Можност за организирање на излери, спортови на вода, изнајмување на автомобили, мотори или јахти се активности кои може да се организираат со момош на консериеж и рецепцијата на хотелот.                                                                                                                                           Сместување: Сите соби во хотелот зрачат со елеганција и минимализам. 78 сместувачки единици имаат приватни базени додека останатите се со балкони или веранди за уживање. Повеќето соби имаат поглед на бескрајното синило на морето. Сите соби имаат LED LCD TV 43” или 55”, сателит TV и радио како и индивидуални клима уреди за греење и ладење. Во сите соби има сеф, мини бар со апарат за кафе и чај. Купатилата се опремени со фен, папчи и бањарка и луксузен тоалетен прибор.                                           

Promo deluxe собите имаат поглед на море и предвидени се за 3 особи, 2 возрасни и 1 дете до 12г. Собите имаат 2 стандардни или француски лежај и дополнително софа на отварање. Составени се од 1 просторија.                                                                     

Deluxe соби имаат поглед на море и предвидени се за 3 особи, 2 возрасни и 1 дете до 12г. Собите може да имаат 2 стандардни или француски лежај и дополнително софа на отварање. Составени се од 1 просторија.                                                                                                             Deluxe собите со заеднички базен имаат поглед на море и базен. Предвидени се за 3 особи, 2 возрасни и 1 дете до 12г. Собите може да имаат 2 стандардни или француски лежај и дополнително софа на отварање. Составени се од 1 просторија.                                                                                                                 Family deluxe собите се составени од дневна и спална соба. Сите фамилијарни соби се со поглед на море и може да се сместат 3-5 особи. Идеално решение за 2 возрасни и 3 деца или 3-4 возрасни.

JET SET TRAVEL

Veljanov Dejan

General Manager

tel: +389 2 61 21 781 
adr: Vasil Glavinov nbr,16 1/6
1000 Skopje, North Macedonia